13.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Тачи: ЕУ треба да го докаже партнерството со Балканот

Најчитани вести

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека новото раководство на Европската унија треба да докаже дека е одржлив партнер на регионот Западен Балкан, кој, според него, се наоѓа на политичка и историска крстосница.

На годишната конференција за Западен Балкан во организација на „Пријатели на Европа” во Брисел, Тачи нагласи дека јасната европска перспектива е клучна за гарантирање на долгорочниот мир и стабилност во регионот. Тој оцени дека новото раководство на Унијата мора да ја докаже визијата, храброста и лидерството, исполнувајќи ги ветувањата кон државите од Западен Балкан и докажувајќи дека се одржлив партнер на државите во ргеионот.

Според Тачи, одложувањето и доцнењето со проширувањето на ЕУ е всушност повик за нов хаос на Балканот.

– Стратегијата на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан креираше уверување дека Унијата и натаму дава одлучувачки поттик кон целите на Косово, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина во интеграцијата на ЕУ, но настаните кои следуваа нè демантираа сите нас.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com