17.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Тачи: Ако Путин оди до крај, цехот ќе го платат Русите, а Европа задоцни со евроинтеграциите

Најчитани вести

Кризата во Украина е без преседан. Очекував дека ќе се искомплицираат работите, ама до олку не очекував. Дали има уште мала можност да се врати оваа работа назад. Ова е вака затоа што бирократските политики на европските земји бавно реагираа кон овој дел од Европа. Мислам дека ЕУ многу задоцни со забрзување на процесот на интегрирање на Украина. И Украинците и Русите доаѓаат од исто милје, голем процент од нив се од или во мешани бракови, а и Украина има голем потенцијал. Украина немаше што да прави освен да одговори. Заканата од Путин со нуклеарно оружје за мене е мафијашка закана, иако не верувам дека до тоа ќе дојде, вели за Утрински брифинг Мендух Тачи.

-Путин е свесен дека неговите услови не можат да бдат исполнети. Тој сака територија. Исто така, сметам дека народот, Русите, немаат никаква врска со оваа агресија што се прави. Треба да се чуваме од русофобија, вели Тачи.

Во врска со расположението на Албанците во регионот кон овој конфликт Тачи вели дека точна е проценката оти Албанците се проамерикански настроени. Во овие моменти мора да се заземе страна, вели Тачи и коментира дека одговорни политичари во вакви моменти не влечат политички поени.

-Албанците треба да сфатат дека овие западни вредности што ги живееме тука не се само за Албанците туку се за сите, вели Тачи.

Тој смета дека процесот на нашата евроинтеграција не може да остане статус кво и дека мора заедно да работиме за да постигнеме напредок до јуни оти луѓето се разочарани.

-Нас ни е приоритет да отвориме преговори, а владата ќе стори сѐ за тоа. Но, обврски има и опозицијата, таа треба да стане конструктивна во овој процес. Ако опозицијата стане конструктивна и помга во овој многу важен процес, тогаш владата треба да го земе предвид нивното барање за вонредни избори. Според она што јас го гледам, албанската опозицијата не стои добро, вели Тачи за Утрински брифинг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com