12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Татко ја нападнал својата малолетна ќерка, а тетовец својата девојка

Најчитани вести

Пет луѓе се приведени во текот на изминатото деноноќие во Тетово, од кои четири се поради физички напади, а еден поради откриена дрога. Две лица од четири приведени за физички напади се поради тоа што го направиле врз член од семејството.

– Вчера во 16 часот и 50 минути, 17-годишна тетовка во СВР Тетово пријавила дека половина час пред тоа во нивниот дом физички ја нападнал нејзиниот 41-годишен татко кој нешто подоцна е лишен од слобода, а случајот целосно е расчистен и против него ќе следува поднесок. Во 21 часот и 50 минути, приведен е 34-годишниот од тетовски Пирок, кој физички ја нападнал неговата 34-годишна невенчана сопруга. Мажот е задржан во Полициската станица Тетово – информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Исто така, вчера во 18 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.А на 33 години од тетовско Боговиње, кој околу 17 часот физички го нападнал неговиот соселанец Љ.З. Во нападот, според пријавеното, М.А. користел и дрвен предмет. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен поднесок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com