2.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Татко осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола

Најчитани вести

Битола, 23 декември- Татко e осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола. Како што соопшти Обвинителството, станува збор за 58-годишен маж од Битола на кој му е одреден 30-дневен притвор.

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 58-годишниот маж кој е осомничен дека сторил три продолжени кривични дела – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

„Осомничениот, повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом во Битола извршил други полови дејствија врз неговите три деца, кои биле на возраст од 13, 8 и 6 години.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување притвор за осомничениот.Судот го прифати предлогот и на лицето му определи притвор во траење до 30 дена“, соопшти Обвинителството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com