14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Татко ми не собра пред да почине и остави аманет, вели Габриел Бајрам, кој е кандидат за советник

Најчитани вести

Габриел Бајрам, син на политичарот Амди Бајрам, кој почина во октомври минатата година, е кандидат за советник на Град Скопје, од СДСМ. Тој е на десетто место на листата, а за ,,Фокус” раскажува кој бил мотивот да се кандидира.

-Мојот татко Амди го посвети целиот свој живот на борбата за подобра иднина на Ромите. Беше пратеник уште од далечната 1994 година, а во 1996 година го основаше Сојузот на Ромите. Јас растев гледајќи ја таа негова битка, неговите залагања за интеграција на Ромскиот народ и стремежот за достоинствен живот. Кога пред неколку години на татко ми му беше ампутирана ногата, тој како да претчувствуваше дека здравствената состојба нема да му оди на подобро, па затоа не собра сите Роми во просториите на Сојузот, од сите Ромски партии. Тогаш ни кажа дека ние мора да се обединиме, оти само така ќе имаме напредок. Тоа беше неговата најголема желба, а мене ми остави аманет. –Габриел, ми рече, ти го оставам аманетот тебе, да го завземеш моето место. Да го застапуваш Ромскиот народ, како што јас го правев тоа, посветено и да го продолжиш мојот пат. Достоинствено да се залагаш за сите Роми, да бидете обединети – беше неговата последна желба, вели Габриел.

Додава дека поддршката за влез во политиката ја добил од неговото семејство без двоумење. Зад него застанале неговата сопруга, деца, сестри, браќа, мајка му…

-Ние сме голема фамилија, секогаш сме се поддржувале. Нормално дека и сега, ја имам поддршката од семејството, дополнителен мотив е тоа што ја исполнувам последната желба на татко ми. Тој стори многу за Ромите во земјава, а јас продолжувам таму каде тој запре. Верувам дека ќе го исполнам неговиот аманет и ќе придонесам за подобар живот на народот – ни изјави Бајрам.

Појаснува дека партијата Сојузот на Ромите од Македонија (СРМ) дава целосна поддршка на заедничката коалиција предводена од СДСМ бидејќи верува во најдобро Скопје, предводено од градоначалникот Петре Шилегов. На листата на кандидати за советници во Општина Шуто Оризари од СРМ, пак носител е неговиот брат Елвис Бајрам, кој беше градоначалник од 2009 до 2017 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com