Home » Татко и неговиот малолетен син повредени при пукање на свадба во Охрид

Татко и неговиот малолетен син повредени при пукање на свадба во Охрид

by Журнал.мк

Вчера свадбена веселба во Охрид поради употреба на огнено оружје од гостин, за малку ќе завршеше трагично. Од СВР-Охрид информираат дека околу 13 часот било пријавено дека 60-годишниот К.Б. од Охрид испукал неколку куршуми од пиштол Зстава-7-62 милиметри, при што 39-годишниот И.С. и неговиот малолетен син се здобиле со повреди.

Тие биле згрижени во охридската општа болница, а како што пренесува дописникот на МРТ од Охрид, шестгодишното дете имало прострелни рани на двете стапала поради што е задржано на лекување, додека неговиот татко по санирање на раната на ногата е испратен на домашно лекување.

Против К.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More