20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Татко им го дава своето 2- годишно девојче на слонови во зоолошка, посетителите во шок (ВИДЕО)

Најчитани вести

Американец е уапсен откако ја ставил својата двегодишна ќерка зад оградата на слоновите во зоолошката градина во Сан Диего.

Полицијата била повикана околу 16 часот во петокот (19 март) откако маж бил забележан како го носи своето дете преку две огради – од кои едната била електрифицирана.

На снимките се гледа како мажот ја држи својата ќерка пред слонот , додека посетителите викале и врескале од ужас. Човекот тогаш се чини дека го испуштил детето, додека слоновите му мавтале со сурлите.

Полицискиот оддел во Сан Диего потоа го уапсил Хозе Наварете, велејќи дека тој „сакал да се фотографира со африканскиот слон“.

Полицијата соопшти дека 25-годишникот може да се соочи со обвиненија за загрозување на децата, а полицајците испитуваат дали бил под дејство на дрога или алкохол.

Во соопштението од зоолошката градина се вели дека Наварете „намерно и нелегално пречекорил во живеалиштето, во кое живеат нашите азиски и африкански слонови“, додавајќи дека ниту тој, ниту неговата ќерка ниту слонот биле повредени.

Очевидец за ABC 10 изјавил дека Наварете и неговата ќерка имале среќа да излезат живи од зад оградата.

“Стоевме токму таму. Бевме 20 јарди далеку и викавме: ‘Човеку, што правиш? Излези од таму! Извади го бебето! Што правиш? Излези од оградата на слоновите!’, објавија американските медиуми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести