25.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Таткото на 16-годишната сензација на „Камп Ноу“: Реал Мадрид ни понуди подобри услови, но…

Најчитани вести

Барселона со одлично издание во второто полувреме комплетно го „скрши“ Бетис и мечот го заврши со пет постигнати гола, а бидејќи Ернесто Валверде на оваа средба не можеше да смета на играчи како Меси, Суарез и Дембеле, беше приморан во првиот тим да повика играчи од вториот тим.

Карлес Перез беше стрелец на третиот гол, но сепак посебно изненадување беше тоа што во игра влезе 16-годишниот Ансу Фати кој стана вториот најмлад дебитант во историјата на Барселона. Талентираниот офанзивен фудбалер се прикажа во добро светло и доби искрена честитка од Лео Меси по крајот на мечот на „Камп Ноу“, а ноќта за паметење му овозможи на неговиот татко да открие дека фудбалерот од Гвинеја го одбил Реал Мадрид.

– Бевме во Севилја и Реал Мадрид ми понуди подобри услови од Барселона за мојот син. Но, ја избравме Барселона бидејќи нивни претставници дојдоа во мојот дом и ме убедија дека треба да потпишеме договор. Во мојата куќа дојде Алберт Пуч и ми кажа дека мојот син мора да потпише за Барса. Мончи беше многу лут кога дозна за ова, но Севилја не му понуди договор на мојот син и го остави една година без настап, – открива Бори Фати, таткото на младиот тинејџер кој е дел од младинскиот тим на Барса.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com