13.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Таткото на Новак Ѓоковиќ прозборе за тајните во семејството за кои долго се шпекулираше

Најчитани вести

Таткото на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан, за српски „Блиц“ открива дали има било каква вистина во тврдењата дека неговиот среден син Марко се оженил со долгогодишената свршеница – бразилската дизајнерка Летиција Тесари минатата година, како и ги чувал тие информации строго доверливо.

– Свадбата на нашите деца е нешто најубаво што ние како родители можеме да го доживееме и сигурно нема да го скриеме кога ќе се случи, тоа е нешто со што се гордееме – објасни Срѓан Ѓоковиќ за „Блиц“.

Тој додаде и дека Марко во моментов е во години на размислување за свечениот чин, но дека тој и неговата сопруга Дајана не се мешаат во одлуките на нивните синови.

– Марко има 28 години и полека влегува во период кога вакво нешто може да се случи во наредниот период. Секако, кога тој ќе реши да го направи тој чекор, ние нема да го скриеме, но сите ќе го знаат тоа – рече Срѓан и откри дали семејството Ѓоковиќ е задоволно од бразилската снаа./skopje24.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com