Taткото на англискиот фудбалски репрезентативец Хари Мегваер зарабтил повреди по турканиците кои се случиле пред почетокот на финалето од ЕП меѓу Англија и Италија на „Вембли“. Пред влезот на „Вембли“ се случуваше вистински хаос, навивачите се степаа едни со други и со обезбедувањето. Најголем проблем биле навивачите кои се појавиле без влезници и сакале да присуствуваат на натпреварот.
Од полицијата соопштија дека 19 вработени се здобиле со полесни повреди, уапсени беа 86 лица.
-Разговарав со него ми кажа дека бил исплашен. Мислам дека добил два удари во ребрата, не сакам да се случува такво нешто на фудбалските натпревари. Посебно не е на така голема настан, изјави Мегваер.