36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Таткото на голманот на Ливерпул Алисон пронајден мртов

Најчитани вести

Трагедија во Бразил. Таткото на голманот на англискиот шампион Ливерпул Алисон Бекер е пронајден мртов по несреќа на пливање.

57 годишниот Жозе Агостињо имал големо влијание на кариерите на своите синови голманите на Ливерпул и Естудиантес, Алисон и Муриел.

Жозе бил пронајден мртов во среда попладне по локално време во Бразил.

Според полицискиот извештај Жозе бил на пливање на езерото Лаврас до Сол во близина на браната. Неговото исчезнување било пријавено околу 17 часот, а полицијата и пожарникарите околу 21-30 часот започнале голема потера по него.

Неколку часа подоца, пронајдено е мртвото тело на Жозе.

Починатиот Жозе Агостињо бил голман во локалниот Рио Гранде до Сули и има големо влијание на кариерите на своите синови.

Алисон Бекер во 2019 година беше прогласен за најдобар голман на светот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести