21.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Татковската улога му го промени животот, објави автобиографија – факти за најпознатата бугарска ѕвезда, раперот Криско

Најчитани вести

Имено, на нашето тло во главно го запознавме преку соработката со Слаткаристика, односно дуетот „Тик-так“ во 2016 година, но тоа не го менува фактот дека веќе долги години Криско е изведувач од првите редови на бугарското музичко небо.

Последна е неговата соработка со српскиот рапер, текстописец и продуцент Цоби, односно дуетот „Нове паре“, во склоп на филмот „Јужни ветар 2“.

Во продолжение за вас издвоивме повеќе факти за животот на Криско:

Неговата музичка кариера започнува во раното детство, посетувајќи часови по музика

Родителите на Криско, Вања и Радослав Талеви се занимавале со музика, така што семејните корени си го направиле своето.

Во 2005 година тој започнува да пишува свои поп, ар-ен-би и особено хип-хоп песни, а малку подоцна се запишува на студии по звучен инженеринг на Новиот бугарски универзитет. Во младоста работи и како диџеј.

Од 2009 до 2010 година бил дел од бугарската издавачка куќа Sam Sam Si Records

По таканаречен спор во 2011 година, Криско напуштил и го усвоил продукцискиот таг „Криско битс“.

Прекарот „Криско“ го добива од својата мајка

„Прекарот го добив уште како мал, а решив да го задржам бидејќи на девојќите им се допадна“.

Бил дел од жирито на четвртата сезона на X Factor Бугарија

Во 2015 година, Криско станал дел од четвртата сезона на X Factor Бугарија, каде што бил ментор на женските изведувачи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com