13 C
Skopje
Tuesday, April 13, 2021

Тарантино го чека првото дете на 56 години

Најчитани вести

По уште еден свој голем филмски хит, Квентин Тарантино објави дека го чека првото дете на 56 години.

„Даниела и Квентин Тарантино се пресреќни што можат да објават дека чекаат бебе“, соопшти двојката.

Двократниот оскаровец ја запознал израелската пејачка и модел Даниела Пик во 2009 година, додека го промовираше филмот „Неславни копилиња“. Тие се венчаа лани, што е прв брак за двајцата.

„Претходно не сум бил женет и не сум имал деца, сега кога се оженив, сакам да имам и деца“, изјави Тарантино минатиот месец во шоуто на Џими Кимел.

Новиот, деветти филм на Тарантино, „Беше еднаш во… Холивуд“, имаше светска премиера на крајот на минатиот месец./smart.sdk.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести