20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Таравари: Филипче мора да донесе одлука приватните клиники да ѝ се стават на располагање на државата

Најчитани вести

Поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, во своето гостување во „Студио 10“ на ТВ 24 побара од својот наследник приватните болници да бидат на помош на државата.

Според него крајно време е министерот Венко Филипче да донесе одлуки сите капацитети, и во приватните клиники, да ѝ се отстапат на државата.

– Алармантно е максимално, гледаме бројките се загрижувачки. Во Велика Британија имаше 254 починати, кај нас има 263 починати. Ова се загрижувачки бројки, да не зборуваме за капацитетите во болниците. Како лекар зборувам, повеќето пријатели ми кажуваат дека нема место по болниците, има огромен број пациенти кои се третираат во домашни услови. Мора државата да направи протокол по кој ќе се водат фамилијарните доктори, се уште не можам да разберам зошто министерот не презема чекори приватните болници да бидат напомош. Таму се плаќа петпати, па и десетпати поскапо. Крајно време е министерот да донесе одлуки сите капацитети, и во приватните клиники, да и се отстапат на државата, додека трае овој трет пик. Македонија е петто место во свет по починати на милиони жители за последните 7 дена, од 153 држави кои се испитуваат, кои даваат официјални податоци. Први сме во регионот по стапна на паталитет, за жал недостасуваат се уште вакцини, последни сме во регионот – вели Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар во Студио 10 на ТВ24.

Тој додаде дека третиот пик е поголем и посериозен од вториот пик.

– Треба да се размислува за ограничувачки мерки, требаше пред 10 дена да се започне со рестрикции. Полицискиот час по 22 часот е хипокризија – вели Таравари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести