17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Таравари: Три услови за да прифатиме широка Влада

Најчитани вести

Кој е ставот на АА во поднос предлогот на Заев? Во гостување на ТВ 24, во емисијата „Студио 10“, Арбен Таравари истакна дека не се заинтересирани за безусловно влегување во Владата како што го прават години назад од партијата на ДУИ.

„Нашиот став е дека ова е еден од многуте блефови коишто ги прави премиерот. Какошто може да видиме имаат мнозинство коешто е гранично, несигурно со своите партнери. Веќе видовме дека повеќето негови партнери не се согласуваат со ова. Но, доколку се разговара за ова, секако дека имаме услови за широка или експертска Влада.

Имаме три услови. Прво уставни промени – да се тргне од употребата на јазикот 20 проценти, второ, разрешување на монтираните случаи кои ги има многу во Македонија и да се органзиираат обвинители од ЕУ и како последно Законот за државјанство да помине по брза постапка. Ова се трите услови без кои не сме заинтересиарни. Доколку не сакаат, нека продолжат со куклите од ДУИ тие и онака безусловно влегуваат во Влада, без разлика кои и да ги повика дали ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Таа партија велгува само колку да има Албанци. Веќе 20 години не мрдаат од столчиња, за нив априори е да бидат во Влада ништо друго. Ние не сме заинтересирани безусловно да влеземе во Влада без исполнување на овие услови. И секако, ова не е никаква уцена.“ – истакна Арбен Тараври, градоначалник на Гостивар во „Студио 10“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести