Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека бродот на СДСМ тоне.
Тој вели дека истиот ќе потоне со новиот лидер.
-Во СДСМ има сериозни проблеми, внатре во партијата. Незадоволството таму е големо. Заев вети многу, ништо не реализираше. Затоа и бега. СДСМ во моментот тоне, а ќе потоне со новиот лидер. Новиот лидер нема да може да ја одржи стабилноста на Владата. Новиот лидер нема да може ги координира коалициските партнери, кои имаат договор со Заев, а не со новиот лидер. Затоа сметам дека ова мнозинство нема да трае многу, и 2022 година ќе има повторно избори, вели Таравари.
Таравари вели дека со ВМРО-ДПМНЕ имале добра соработка на локалните избори.
-Можеби и соработката со нив придонесе да ги добиеме трите општини, додава Таравари во „Click Plus“ на ТВ21.