27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Таравари: Алијанса за Албанците треба да размисли за повлекување на соработката со Арсовска

Најчитани вести

Градоначалникот на Гостивар и генерал секретар на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари смета дека вчерашниот инцидент кај плоштадот на споменикот на „Скендербег“ е провокација и „смислено сценарио на партиите на власт“.

– Ќе видите полицајци кои стојат и не реагираат, а плус има и луѓе блиски од ДУИ облечени во цивилна облека – рече Таравари на гостувањето во „Студио 10“ на телевизија 24.

Негов личен став е дека по вчерашното разрешување на в.д. директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје, чиј брат беше забележан со пиштол во вчерашниот инцидент, Алијанса за Албанците треба да размисли за прекин на соработката со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Не оправдувам употреба на оружје, но да се провоцира? Луѓе сме, реагираме афективно. Лично мислам, а не во име на партијата, бидејќи има партиски тела кои ќе го кажат последниот збор, дека ваквиот начин на функционирање, не вреди да се одржува повеќе. Треба сериозно да разгледаме и лично сум за повлекување на соработката со Арсовска – изјави Таравари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com