Home » Таравари: Ако не поминат уставните измени, ќе бидеме држава во која нема да има ниту Македонци, ниту Албанци, народот се иселува

Таравари: Ако не поминат уставните измени, ќе бидеме држава во која нема да има ниту Македонци, ниту Албанци, народот се иселува

by Журнал.мк

В.д. претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари се надева дека во овој парламентарен состав ќе бидат донесени уставните измени и дека ќе помине нивното барање од Уставот да се тргне формулацијата „друг јазик кој го зборуваат 20 проценти од населението”.

„Мислам дека ова прашање е веќе апсолвирано и дека има добро расположение и кај македонските и кај албанските партии. Мислам дека постои консензус за тоа. Не е достоинствено за било кој јазик да стои 20 проценти. Мислам дека е достоинствено да стои македонски и албански јазик,“ рече Таравари во емисијата „Само интервју” на Канал 5 телевизија.

Доколку не се изгласаат уставните измени, според Таравари, неизбежни се предвремени парламентарни избори.

„Ако не поминат уставните измени во овој парламентарен состав, тогаш мислам дека уште долг временски период ќе тапкаме во место и ќе бидеме држава во која нема да има ниту Македонци, ниту Албанци, ниту други етнички заедници бидејќи полека народот се иселува. Ако не поминат уставните измени, може да се случат и предвремени избори. Ако нема договор за уставните измени, мислам дека неизбежни се предвремените избори,“ подвлече Таравари.

Според него, можеби треба да се размислува и за нов функционален устав бидејќи постоечкиот, како што вели, е „крпен”.

„Убаво е да размислуваме можеби за нов функционален устав. Нашиот Устав, за жал, е крпен устав. Нон стоп е менуван како што евалуирала државата,“ рече Таравари.

За балансерот вели дека се подготвени да разговараат, но дека треба да се донесе нов закон за правична застапеност.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More