Ова годинешната претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска со песната „Proud“ успеа да ги помести границите на својата музичка кариера, па сега имаше настап во Мадрид, Данска и Германија.
Во Мадрид настапуваше овој викенд и за тоа објави на социјалните мрежи.
Имено, салата каде настапуваше Тодевска беше полна, а сите во глас ја пеејаа нејзината „Proud“./press24.mk/