2 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

,,Талир 2″: Ленче Ристоска на судењето дојде без стручeн соработник на СЈО

Најчитани вести

Обвинителката Ленче Ристоска утрово првпат се појави во судот без придружба на стручен соработник и без возило на СЈО. Таа не сакаше да даде изјава за медиумите и рече дека оди на судење.

Денеска почна рочиштето за предметот ,,Талир 2″ на СЈО, за кое Ристоска доби овластување да го застапува од државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески. Во овој предмет се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски.

Според обвинението, тие со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.Обвинетите се сомничат дека прибавиле значителна имотна корист за партијата во износ од околу 8.2 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести