13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Талибанците ја повикаа меѓународната заедница за соработка

Најчитани вести

Талибанските власти во Авганистан ја повикаа меѓународната заедница за соработка и добри односи.

Тие избегнаа цврсто да се определат за овозможување образование на девојчињата и покрај барањата од светот.

Речиси два месеца откако поранешната влада поддржана од Западот ја напушти земјата, а бунтовничките сили влегоа во Кабул, новите талибански власти се обидуваат да ги подобрат односите со другите земји за да помогнат да се спречи катастрофална економска криза.

– Наместо притисок, меѓународната заедница треба да започне да соработува со нас. Со тоа ќе се запре несигурноста, а истовремено, позитивно би се ангажирале во светот, порача вршителот на должност министер за надворешни работи, Амир Кан Мутаки, на настан организиран од Центарот за конфликти и хуманитарни студии во Доха.

Талибанците досега одбиваа да им дозволат на девојчињата да се вратат во средно училиште, што е едно од клучните барања на меѓународната заедница, откако власта во Кабул минатиот месец одлучи да ги отвори училиштата над шестото одделение, но само за момчиња.

Мутаки истакна дека талибанското раководство внимателно ги мери своите потези, но дека е на власт само неколку недели и дека не може да се очекува да ги заврши реформите кои меѓународната заедница не успеа да ги спроведе за 20 години.

Талибанскиот министер ги повтори повиците до Вашингтон да ги одмрзне резервите на авганистанската централна банка во вредност од над девет милијарди долари, кои се чуваат надвор од земјата, но исто така рече дека власта има приходи од даноци, царински тарифи и земјоделство доколку тие средства останат замрзнати.

Тој нагласи дека меѓународната заедница мора да најде начини да испрати пари за авганистанската економија за да се спречи целосен колапс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com