37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Талибанците одбија учество на состанок за Авганистан пред повлекување на странските војници

Најчитани вести

Талибанските бунтовници синоќа објавија дека нема да учествуваат на состанокот за иднината на Авганистан, закажан за овој месец во Турција, пред повлекувањето на странските трупи од земјата.

„Додека сите странски сили не се повлечат целосно од нашата татковина, ние нема да учествуваме на ниту една конференција што носи одлуки за Авганистан“, објави за Твитер Мохамед Наим, портпарол на талибанците во Катар.

Претходно Белата куќа соопшти дека преостанатите американски војници ќе бидат повлечени од Авганистан до 11 септември 2021 година, односно на 20-годишнината од нападот на Ал Каеда во САД.

Повлекувањето според американски воени извори, ќе биде координирано со заминување на другите сили на НАТО. Според претходниот договор меѓу САД и талибанците, крајниот рок за повлекување на американските сили е 1 мај.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести