26.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Талат Џафери: Нема злоупотреба на патните трошоци кај пратениците

Најчитани вести

Пленарна седница за Законот за Јавно Обвинителство ќе свикам кога ќе го добијам извештајот од Комисијата каде што е во второ читање, вели претседателот на Собранието Талат Џафери во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Џафери говори и за законските решенија кои се носат на т.н. Лидерски средби.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, негира дека има некаква злоупотреба во користењето на правото за патни трошоци на пратениците. Во интервју за „Радио Слободна Европа“ тој вели дека доколку има злоупотреби тоа треба да го утврдат соодветните институции.

-Праксата на констатација дека е злоупотреба од страна на пратениците е веќе осуда. Во постапките веќе не се работи за злоупотреба. Ако веќе констатирате дека има злоупотреба не би требало да го имате овој разговор со мене. Секој којшто има дилема дека во нешто има злоупотреби има соодветна институција која треба тоа да го потврди. Има државен завод за ревизија, има антикорупциска комисија има јавно обвинителство, коишто под сомнение некој конкретно со име, не може пратениците сега 120 сме ние, под констатација дека вршиме злоупотреба – вели Џафери.

На прашање дали постојат индиции или сомневања за некакви злоупотреби тој вели дека пратениците само ги користат поволностите кои им ги нуди законот.
-Па нема индиција, затоа што според законот определен број на пратеници се изјаснија да користат стан во вредност на она што е пропишано со одлука на соодветна надлежна комисија во собранието. Во таа одлука и во тој закон за оние денови кога пратеникот седи овде, на крајот на неделата кога ќе оди дома во еден правец му следи патен трошок во еден правец за да оди дома. И на почетокот на следната недела кога ќе се врати во станот му следува патен трошок за враќање, значи за четири недели четири дена. Констатацијата дека тоа е злоупотреба е дека сега покрај станот си користи и патни трошоци. Не користат патни трошоци за секое потпишување за секое присуство на седница, затоа што имаат соодветен договор, регулиран со внатрешните процедури, низ која постапка и процедура го користат правото на стан – додава Џафери.
Како што објавија претходно медиумите дел од пратениците користат станови под кирија кои се во сопственост на членови на нивното семејство или нивни сопартијци.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести