27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Таксистите во Љубљана не сакаат да се тестираат на секои 72 часа

Најчитани вести

Повеќе од стотина таксисти во Љубљана синоќа возеа низ центарот на градот и о свирење протестираа против одлуката на Владата секои 72 часа да се тестираат за коронавирусот.

Нивниот синдикат предупреди дека протестот ќе ескалира доколку Владата не ја повлече одлуката, која за нив е нелогична и претерана, во време кога се укинуваат некои ограничувања против епидемијата.

Претставници на Здружението на таксисти велат дека Владата не им наредила задолжително тестирање ниту кога бројот на новозаразени бил многу поголем, или кога ги возеле луѓето во болници и на тестирање поради прекин на јавниот превоз.

Министерот за транспорт Јернеј Вртовец, сепак, тврди дека одлуката за тестирање на таксистите е оправдана, но може да се промени доколку се подобри епидемиолошката состојба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести