-1 C
Skopje
Monday, March 8, 2021

Така се прави тоа: Шпанија има план за фабриката на Nissan кога ќе се затвори

Најчитани вести

Шпанија ја разгледува можноста за пренамена на фабриката на јапонскиот производител на автомобили Nissan, која треба да се затвори во декември, за производство на батерии за електрични автомобили

Европската унија се залага за производство на домашни батерии за да се направи производителите на автомобили да се потпираат помалку на увозот од Кина, со што ќе се зголемува производството на електрични возила за да се исполнат строгите европски регулативи за емисии на стакленички гасови.

Nissan има три фабрики околу Барселона, во кои директно се вработени околу 3.000 луѓе, а индиректно околу 20.000. Тие планираа да ги затворат до крајот на минатата година, но го одложија затворањето за една година, за властите да имаат повеќе време да најдат купувач.

Главната фабрика на Nissan е изградена на државно земјиште.

Владата на шпанскиот регион Каталонија поддржува проект за изградба на фабрика за производство и рециклирање на батерии. Проектот Battery Hub побарува 6,8 милијарди евра од шпанските 140 милијарди евра од европскиот пакет помош за опоравување од корона кризата и ќе се реализира само доколку ги обезбеди парите.

Иако Шпанија сè уште не одлучила како ќе ги искористи парите, меѓу опциите што се разгледуваат е лоцирање на проектот Battery Hub во главната фабрика на Nissan во Барселона, вели извор директно информиран за процесот.

„Многу компании“ покажаа интерес за фабриките на Nissan, вели изворот, а властите при донесување на одлука ќе земаат во предвид колку работни места може да се сочуваат.

Наоѓањето решение за фабриките е исто така во интерес на јапонскиот производител на автомобили, кој доби државна помош, па затоа одлуката да се затвори наиде на жесток отпор од локалната заедница, но и владата во Мадрид и официјалните лица во Барселона, фокусирани на зачувување на работните места.

На прашањето дали Battery Hub може да најде дом во фабриките на Nissan, вршителот на должноста премиер на Каталонија, Пере Арагонес, вели дека тоа е една можност, но не и единствена.

Шпанскиот огранок на Nissan и владата во Мадрид соопштија дека постапката е доверлива и одбиваат понатамошни коментари.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести