6.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Таисон по пропаднатиот трансфер во Милан: Благодарам што ми го уништивте сонот

Најчитани вести

Фудбалерот на Шахтјор Доњецк, Таисон во последнот ден од летниот преоден рок беше трансфер-цел на Милан.

Сепак уракинскиот гигант не дозволи Бразилецот да се пресели на „Сан Сиро“, откако не сакаше да ги намали барањата од 30 милиони евра. Италијанскиот гигант нудел само 25 милиони, но Шахтјор останал на своите барања.

Милан не сакал да плати 30 милиони евра за фудбалер, кој веќе има 31 година и сè уште нема искуство во некоја од најсилните лиги во светот. Таисон своето разочарување го изнесе преку „Инстаграм“ и распука по украинскиот клуб.

„Ви благодарам што ми го уништивте сонот. Уште еден сон уништен“, стоеше на профилот на Бразилецот.

Таисон цели девет години игра во украинскиот фудбал. Најпрво пристигна во Металист од таборот на Интернационал, а од 2013 година игра за гигантот од Доњецк. „Росонерите“ откако не успеаа во преговорите со Шахтјор го договорија Анте Ребиќ од Ајнтрахт Франкфурт.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com