14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Таблети колку да се каже дека ги имаат, учениците учат од фотокопирани учебници

Најчитани вести

-Верувам дека со време ќе се навикнеме, секој почеток е тежок!

Вака вели Ваиде Реџепи, наставничка во Основното училиште „25 Мај“ во Сингелиќ. Иако само неколку ученици немаат таблети, сепак сите ги ископираа учебниците.

-Самите родители изразија желба и преземаа иницијатива. Учениците полесно можат да учат со учебници. На почетокот се обидоа со таблет, но не оди.-рече Реџепи.

Наставничката Имране Амети, веќе 26 години работи во ова училиште. Вели дека учениците ги фотокопирале книгите, бидејќи така им е полесно за учење.

-Секако дека е тешко со таблети, многу се мали. Вака беше и со компјутерите, малку подобро е, бидејќи буквите се поголеми. Меѓутоа, овие таблети се многу мали и родителите се жалат-изјави Амети.

Директорот на училиштето, Фадиљ Муртезани, вели дека мал процент ученици не поседуваат таблет. Ги повикува родителите повеќе да работат со нивните деца за да се навикнат да работат со уредите.

-Има потешкотии меѓутоа со време верувам дека ќе ги надминеме, вклучувајќи ги повеќе родителите. Проблем е кога детето нема учебник пред себе и самото учење се одвива поинаку. Поинаку е кога 6 часа е ангажиран во училиште со разни активности, а поинаку е кога има учебник. Меѓутоа, кога има дигитален учебник е уште поголема помош за детето, но пак ќе кажам дека ништо не може да го замени учебникот.-рече Муртезани.

Но, министерката за образование, Мила Царовска, вели дека фотокопирани книги можат да користат само децата кои немаат услови за да учат преку таблет.

Инаку, дел од учениците од 5-то до 9-то одделение се соочуваат со недостиг на книги, за што ресорната министерка ги обвини директорите на училиштата кои не побарале навреме доволно учебници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com