28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Таа има 75 години, а лицето и телото и се како на 40-годишна жена: Ова се нејзините трикови!

Најчитани вести

Познатата американска дизајнерка Норма Камали во осмата деценија од животот може да се пофали со успешна кариера, но и убавина што воодушевува.

Таа веќе во голема мера зачекори во нејзината 75-та година од животот, а тоа навистина не можете да го видите на нејзиното лице и тело. Модната дизајнерка, изгледа најмалку 30 години помладо, а она што го карактеризира нејзиниот одличен изглед се затегнато и мускулесто тело, одличен тен и светла насмевка.

„Не се обидувам да ги сокријам моите години, претпоставувам дека затоа не можат да се видат“, рече Норма и истакна дека никогаш не посетила козметички хирург.

Наместо тоа, таа се сврте кон здравите навики и конзумираше зелен чај и маслиново масло секој ден.

Како што истакнува, никогаш не се шминкала многу, па затоа е сигурна дека тоа влијаело на зачувување на убавата кожа.

Покрај ставањето минимум шминка и користењето квалитетна козметика, Норма редовно вежба и се храни здраво, сето тоа, заедно со работата на себе, придонесе за нејзината инспирација за жените ширум светот денес.

Норма Камали е позната њујорчанка и модна дизајнерка. Таа се прослави во средината на 70-тите години од минатиот век дизајнирајќи црна јакна со пердуви со ремен направен од истиот материјал, кој и денес е многу популарен, а кој сега го прават други креатори и брендови.

Норма Камали се колне во маслиново масло и го користи и однатре и однадвор, така што го има и во природната козметика која ја лансираше минатата година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести