14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Сe уште се трага по напаѓачот од Бруклин

Најчитани вести

Полицијата во Њујорк трага по напаѓачот кој активира две димни бомби и отвори оган во преполниот вагон на метрото, при што се повредени најмалку 20 луѓе.

Напаѓачот веднаш побегнал од местото на злосторството и се претпоставува дека сам дејствувал, а мотивот сè уште е непознат.

Нападот се случи додека метрото влегувало во подземната станица во квартот Сансет парк во Бруклин.
Десет лица се директно погодени од огнено оружје, а петмина се во критична, но стабилна состојба.

Според очевидци, напаѓачот во метрото бил крупен маж, облечен во портокалов елек, сива тренерка, зелен шлем и хируршка маска.

Полицијата соопшти дека тој испукал 33 куршуми од полуавтоматски пиштол Глок калибар девет милиметри, што подоцна бил пронајден заедно со три шаржери муниција, секира и канта бензин.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com