Искусниот шпански интернационалец, Сеск Фабрегас за прв пат во својата кариера ќе заигра во Италија, но интересно е тоа што нема да биде во елитната Серија А туку во второлигашката конкуренција.
Тоа што веќе некое време се шпекулираше сега е потврдено од новинарот Фабрицио Романо кој е познат по своите точни, прецизни, инсајдерски информации, па така според неговите извори некогашниот талент на Барселона ќе се пресели во редовите на Комо.
Наводно двете страни постигнале договор и Фабре ќе отпатува во Италија наредниот месец каде треба да ги мине медицинските тестови и стави потпис на соработката до јуни 2024 година.
Последниот клуб на Сеск беше Монако, претходно освен од Барса беше дел од Арсенал и Челси.