30.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

СЈО ќе се жали на ослободителната пресуда за Латас и неговите браќа

Најчитани вести

Обвинителката Елизабета Јосифовска рече дека СЈО ќе поднесе жалба на првостепената одлука според која Драган Павловиќ Латас и неговите двајца браќа денес беа ослободени од обвинение за случајот „Тревник”.

„Нема дилема дека ќе жалиме пред Апелациониот суд. За нас обвинението е издржано и основано“, рече обвинителката Јосифовска.

удијката Марија Клетничка Марковски, на денешното изрекување на пресудата за „Тревник”, кажа дека делото за кое се обвинети не е кривично дело. Посочи дека тие се товарат оти од јули 2012 до 2013 година спротивно на закон граделе без одобрение во општина Зелениково на сопствено земјиште. Откако започнале со градба поднеле барање за издавање одобрение за изградба на викенд куќа до општината, прикривајќи дека градбата веќе е почната.

Браќата се гонеа од СЈО за градење на три викенд куќи во Зелениково, кои според обвинителството почнале да ги градат во 2011 година, а одобренијата за градба ги добиле во 2013 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com