9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Сјајот на бедата на другарчињата

Најчитани вести

Пишува: Митре Велјаноски

Синтагмата од насловот на овој текст, во теоријата на литературата, се вика оксиморон или остроумна бесмислица. Тоа е мисла (стилска фигура) која, на прв поглед, во себе содржи некоја голема противречност, а сепак двата поими се поврзуваат во единствена целина.

Оксиморонот, како што велат теоретичарите на литературата, е моќно стилско изразно средство со кое се создава живописна експресивна слика што уметникот на зборот сака да им ја пренесе на своите читатели и затоа, од античко време до денес, покрај метафората, е една од најупотребуваните стилски фигури во литературата.

Но, литературата и реалниот живот, многупати, не одат рака под рака, иако нашиве „модерни“ политичари, многу често ги гледаме како, со поетски вдахновенија, нѐ уверуваат во „ сјајот на бедата“.

Без никакви дилеми:

– Беда е кога ќе дознаеш дака државата нема 300-400 илјади евра да ги сервисира „сите“ три противпожарни авиони;

– Беда е кога ќе сфатиш дека твојата држава е крајно немоќна да се справи со огнената стихија;

– Најголема беда е кага ќе ја видиш жалната слика на „измачениот“ ФАП од шеесеттите години на минатиот век;

– Сјај е кога ќе видиш како твоите премиери и министри се возат во мерцедес од 600 илјади евра;

– Сјај е кога ќе видиш во какви автомобили се возат градоначалниците;

– Сјај и милина е кога ќе слушнеш како блескаме…

Почитувани читатели,

Со денови се чудам и никако да се изначудам! Во кои училишта, на кои факултети учеа и изучија овие наши млади и „модерни“ политичари? Зарем е можно уште да не ја научиле основната лекција да се разликува битнo од небитно?

Бидејќи по струка сум учител, а со најискрена намера барем малку да помогнам, со Вас ќе споделам една вистинска приказна од Дебрца моја:

Кон крајот на шеесеттите години од минатиот век (времето на ФАП-от) некојси дебрчанец заминал на печалба во Австралија. Небичас по пристигнувањето, добил писмо од внуците. Ни како си ни што си, внуците веднаш, на прва, побарале да им прати налив перо. Тој, сиромав, ниту знаел ниту пак го интересирало што е тоа што го барале. Како тие, така и тој, кратко и јасно им одговорил: „Прво што ќе ви пратам ќе биде платно поркетно за да сошиете гаќи да не ви се гледат срамот“.

Другарчиња,

До кога на Божик ќе нѐ изненадува снегот, а на Илинден пожари?

До кога Македонија ќе биде оксиморонска држава во која 10 отсто ќе живеаат во сјај, а 90 отссто во беда?

До кога светот ќе ни го гледа срамот?

Доста беше, ајде прво платно, после налив перо!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести