14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

СЀ УШТЕ Е НА РИГОРОЗНА ДИЕТА? Адел привлече внимание со најновото видео од неа!

Најчитани вести

Многу нејзини обожаватели се согласуваат дека е непрепознатлива откако помина низ ригорозна диета. 33-годишната пејачка Адел ослабе повеќе од 40 килограми, а се чини дека не застана тука. Последен пат обожавателите можеа да ја видат кон крајот на април ноќта на Оскарите на приватна забава, а потоа на почетокот на мај кога наполни 33 години и објави три фотографии од прославата. Секое нејзино појавување во јавноста предизвикува љубопитност и многумина коментираат дека мислат дека станува сѐ потенка.

adele

Таа сега објави на социјалните мрежи за пожарната трагедија во станбениот блок во лондонската кула Гренфел, во која животот го загубија 72 лица. Трагедијата започна како мал пожар во кујната на 14 јуни 2017 година, а пожарот на крајот зафати 24 ката. На видеото објавено на Јутјуб, таа рече дека дури четири години подоцна нема заклучок за настанот и дека истрагата трае премногу долго и никој не одговара за тоа. Фановите и рекоа колку е навистина убаво што објавува вакво соопштение, а многумина и пишуваа за тоа колку одлично изгледа. Имено, пејачката се појави во спотот без шминка, а нејзиното издание предизвика голем интерес во јавноста поради фактот што сè уште драстично слабее.

Adele

Инаку, Адел минатата година покажа нов изглед објавувајќи фотографија за нејзиниот 32-ри роденден. Странските медиуми пишуваат дека таа потрошила илјадници долари на дизајнерска облека бидејќи сè и било преголемо. Извор близок на Адел еднаш рече дека вниманието воопшто не и се допаѓа. Таа призна дека изгледа подобро од кога било, но и самата не била свесна за нејзиниот изглед.

‘Понекогаш ѝ е тешко да поверува дека изгледа добро како што ѝ велат луѓето. Таа е шокирана кога ќе се погледне во огледало, но навистина ужива да купува нова облека. Од оскудни фустани до елегантни, таа пробува сè, како да го надокнадува изгубеното време “, изјави извор минатата година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести