Home » Сценаристите достигнаа 100 дена од штрајкот во Холивуд

Сценаристите достигнаа 100 дена од штрајкот во Холивуд

by Lina Muslija

Штрајкот на Здружението на сценаристите во Америка (ВГА) бргу затвори безброј филмски снимања и продукции, чинејќи ја филмската и ТВ-индустријата милиони долари секој ден, но двете страни едвај зборуваат меѓу себе оттогаш. Филмските и телевизиските писатели на сценарија стапија во штрајк во мај поради барањата за подобра плата и хонорари, гаранции за идната употреба на вештачката интелигенција и други работни услови.

Хаосот во забавната индустрија се продлабочи минатиот месец кога на сценаристите им се придружи и Здружението на филмски уметници (САГ-АФТРА) кое има слични барања.

„Одбивањето сериозно да се сфатат разумните предлози на сценаристите заврши со штрајкот на ВГА што досега трае 100 дена. Тоа служи само како срам за студијата. Студијата ја сносат целосната одговорност за над тримесечното неработење на (филмската, б.п.) индустрија и за болката што им ја предизвикува на работниците и на сите останати чија егзистенција зависи од оваа стопанска гранка“, се вели во соопштението на ВГА.

Се додава и дека „трошоците за решавање на штрајковите на ВГА и САГ-АФТРА се многу помали од штетата од непопустливоста“ на продукциските куќи.

Студијата возвратија со кратко соопштение оти реториката на сценаристите „води кон пропаст“.

„Овој штрајк им наштети на илјадници луѓе во оваа индустрија и ние го сфаќаме ова многу сериозно. Нашиот единствен водич е тоа како да ги вратиме луѓето на работа“, се вели во реакцијата на филмските продукциски куќи.

ВГА предупреди: „На крајот на краиштата, студијата немаат друг избор освен да направат фер договор“. Дотогаш, се вели, остануваат решителни и обединети. 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk