3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Супер ефикасно во фудбалската Лига на шамиони

Најчитани вести

Дуелот во Мадрид меѓу Атлетико и Ливерпу го оправда приматот дерби. Гостите славеа победа со 3:2, во мечот во кој по 13 минути имаа предност од 2:0 со головите на Салах и Кеита, но Гризман со двата гола во 20-тата и 34-минута го израмни резултатот. Французинот во 52-минута заработи директен црвен картон, па Атлетио до крајот играше со играч помалку. Тоа го искористи Ливерпул кој со голот на Салах од пенал во 78-минута стигна до победа од 3:2.

Ливерпул има максимални 9 бодови додека Атлетико остана на 4 колку што има и Порто кој го победи Милан со 1-0.

Во А групата, ПСЖ се изнамачи во дуелот против ЛАјпциг кого го победи со 3-2, но затоа Манчестер Сити го декласира клуб бриж и тоа на гости со 5-1
Манчестер Сити, па така сега „светсците“ и “граѓаните“ се на првите две позиции на табела со 7 односно 6 бодови.

Супер ефикасно беше и во Ц и Д групите во кои Спортинг Лисабон со 4-1 славеше на гостувањето кај Бешикташ, а Ајас со 4-0 ја победи Борусија Дортмунд.

Интер ја забележа првата победа нанесувајќи му го првиот пораз на Шериф Тираспол со 3-1, а Реал го декласира Шахтјор со 5-0.

Денеска на програмата се преостанатите осум натпревари од 3.коло, а двојките се:

Група Е
БАРСЕЛОНА – ДИНАМО К. 18:45 ч.
БЕНФИКА – БАЕРН М. 21:00 ч.
Табела
1 БАЕРН М. 6 бодови
2 БЕНФИКА 4
3 ДИНАМО К. 1
4 БАРСЕЛОНА 0

Група Ф
МАНЧЕСТЕР Ј. – АТАЛАНТА 21:00 ч.
ЈАНГ БОЈС – ВИЉАРЕАЛ 21:00 ч.
Табела
1 АТАЛАНТА 4
2 ЈАНГ БОЈС 3
3 МАНЧЕСТЕР Ј. 3
4 ВИЛЈАРЕАЛ 1

Група Г
САЛЦБУРГ – ВОЛФСБУРГ 18:45 ч.
ЛИЛ – СЕВИЛЈА 21:00 ч.
Табела
1 САЛЦБУРГ 4
2 СЕВИЛЈА 2
3 ВОЛФСБУРГ 2
4 ЛИЛ 1

Група Х
ЧЕЛЗИ – МАЛМЕ 21:00 ч.
ЗЕНИТ – ЈУВЕНТУС 21:00 ч.
Табела
1 ЈУВЕНТУС 6
2 ЧЕЛЗИ 3
3 ЗЕНИТ 3
4 МАЛМЕ 0

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com