Судскиот совет најави дека по годишните одмори ќе го разгледа случајот со последната пресуда на Апелација, со којашто за 10 години му се намали затворската казна на осудениот за сообраќајната несреќа во Велес, во којашто загинаа 11-годишно девојче. Токму големата разлика во изречената казна, од 18 на 8 години е причината зошто Советот ќе постапува.Оттаму апелира до Врховниот суд да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите, преку воедначување на судската пракса. Советот и претходно писмено побарал да се преиспита казнената политика.