16.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Судскиот совет парично казни двајца судии и запре две постапки против врховни судии

Најчитани вести

Судскиот совет на денешната седница одлучи парично да се казнат еден претседател на основен суд и еден судија во основен суд. Претседателот на судот не презел обврски предвидени со Законот за управување со движење на предметите во судовите и Судскиот деловник. Судскиот освет оцени дека претседателот на судот сторил повреда со нестручно и несовесно постапување во вршење на судиската функција според Законот за судови и одлучи да биде казнет со 30 отсто од платата во трање од шест месеци.

„Во врска со судијата од основен суд се утврди дека не постапувал по предмети во одделот за извршување санкции, а со тоа постапил спротивно на законските одредби, односно нестручно и несовесно ја извршувал судиската функција според Законот за судовите и е парично казнет со 15 отсто од платата во траење од шест месеци. Воедно, на денешната седница Судскиот совет одлучи да запрат две постапки за утврдување одговорност кај два совета на Врховниот суд составени од по петмина судии. Советот одлучи дека не постои нестручно и несовесно постапување од страна на врховните судии. Исто така, постапката беше запрена и за еден судија од основен суд“, велат од Судскиот совет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com