23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Судскиот случај за убиството на Џорџ Флојд предаден на поротата на одлучување

Најчитани вести

Со презентација на завршните зборови на обвинителството и одбраната во судот во Минеаполис заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, за кое е обвинет поранешниот полицаец Дерек Шовин, а предметот натаму и е предаден на поротата која ќе треба да донесе одлуки за трите обвиненија од предметот, пренесуваат светските медиуми.

Поротата се состои од шест бели жени, двајца белци, тројца црнци, една црна жена и две жени од мешани раси.

Кога ќе почнат да одлучуваат за вината на Шовин, поротниците ќе бидат сместени во хотел, а времето за донесување одлука не им е ограничено.

Обвинението против Дерек Шовин има три точки: убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен.

За убиството од втор степен, најсериозното од сите три обвиненија, 12-те поротници мора да се согласат дека постапките на Шовин довеле до смртта на Флојд.

Казната за тоа дело е до 40 години затвор, но законските прописи во Минесота ја намалуваат ваквата казна на 15 години за луѓе како Шовин, кои претходно не биле осудувани, соопшти Гласот на Америка.

Обвинителството побара судијата Питер Кејхил да отстапи од тоа и доколку биде прогласен за виновен, тој да го осуди Шовин на подолга затворска казна.

Претходно, во завршните зборови, претставникот на обвинителскиот тим, Стивен Шлејкер, побара од поротниците, како што рече, да веруваат во своите очи и објави видеа од приведувањето на Џорџ Флојд за време на кое тој почина.

-Ова не е судски процес против полицијата која треба да биде храбра и да штити и да биде сочувствителна во службата. Џорџ Флојд не претставуваше закана за никого. за соочување со него тој ден не беше потребна храброст, која не ни беше искажана. Се што беше потребно беше покажување на малку сочувство, што, исто така, изостана, рече Шеклер.

Адвокатот на обвинетиот Шовин, Ерик Нелсон, ги потсети членовите на поротата за презумпцијата на невиност на неговиот клиент.

Осврнувајќи се на сведочењето на еден од полицајците, Џони Мерсил, тој тврди дека постапката што ја користел Шовин при апсењето на Флојд не е забранета и додаде дека тоа укажува на недостаток на намера затоа што, како што рече, Шовин имал намера да дејствува според правилата на кои е обучен.

Во досегашните постапки, кои ги пренесоа сите светски медиуми, искази дадоа повеќе од 40 сведоци.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести