13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Судската полиција добива повисоки плати

Најчитани вести

По повеќемесечни преговори министерот за правда Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, денеска го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција.

Со правилникот се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците, а зголемувањата изнесуваат од 8 до18 проценти. Најголемо зголемување добиваат Основниот Кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.

Маричиќ им се заблагодарил на УПОЗ и на Независниот синдикат на судска полиција, нагласувајќи дека Министерството за правда се залага за севкупно подобрување на стандардот и условите во кои работи судската полиција.

Претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција се задоволни што после многу апели и протести конечно се решил нивниот проблем и порачале дека ова е конкретен чекор за решевање на нивните проблеми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести