Home » Судот официјално потврди: Отфрлена жалбата на Јувентус, Интер е шампион на Италија за 2005/06

Судот официјално потврди: Отфрлена жалбата на Јувентус, Интер е шампион на Италија за 2005/06

by Lina Muslija

Жалбата на Јувентус за враќање на титулата во Серија А од сезоната 2005/06 е официјално одбиена.

Вчера италијанскиот државен совет отфрли уште еден обид на „Бјанконерите“ да ја оспорат одлуката со која на тимот му се одзема титулата во 2006 година. Јувентус испрати жалба, во која обвинети беа Италијанската фудбалска федерација, Интер и Италијанскиот олимписки комитет. Судот одлучи дека истата е неоснована и титулата конечно му беше доделена на Интер.

Јувентус ја заврши сезоната 2005/06 со рекордни 91 бод во првенството, но поради учество во корупциски скандал во италијанскиот фудбал, познат како „калчополи“, беше дисквалификуван, му беше одземена титулата и беше префрлен во Серија Б.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More