21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Судот конечно ѝ дозволи да ја раскаже својата мака: Бритни Спирс доби дозвола да се обрати на судијата, се знае и темата на сослушувањето!

Најчитани вести

Судот оцени дека пејачката Бритни Спирс (39) е подготвена да зборува во нејзино лично име.

Нејзиниот адвокат, Самуел Д. Ингам III, рече дека Бритни го замолила да побара од судот рочиште за статус на кое ќе може директно да му се обрати на судот.

Britni Spirs

Адвокатот не откри за што точно Бритни би сакала да зборува пред суд, но рече дека станува збор за статусот на старателство.

Судијката Бренда Пени го одобри барањето и рочиштето го закажа на 23 јуни.

Бритни е под надзор на старател од 2008 година и е силно против нејзиниот татко Џејми Спирс да биде чувар на нејзините работи и финансии. Џејми претходно се повлече од таа позиција поради здравствени проблеми.

Да потсетиме, Бритни во моментов комуницира со фановите преку социјалните мрежи каде објавува интересни видеа со долги објави.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести