33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Судот и нареди на Холандската влада да го укине полицискиот час

Најчитани вести

Холандската влада доби судска наредба да го укине полицискиот час, што беше воведен за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Судот утврди дека општата забрана за движење, што е на сила секој ден од 21 до четири и пол часот до 3 март, нема законска основа и мора да биде укината.

Судот го усвои барањето на една група против коронамерките зашто владата не успеала да каже јасно зошто во оваа фаза од пандемијата, кога стапката на зараза е во пад, било апсолутно неопходно да користи такви вонредни моќи.

„Полициски час се базира на закон за вонредни ситуации, кога нема време да се дебатира во парламентот. Во овој случај, немаше таков притисок“, соопшти судот во Хаг.

Холандија воведе полициски час на 23 јануари, за првпат од Втората светска војна Холандија, што беше повод за неколкудневни насилни протести.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести