13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Судијата Шабани до пратеникот Димовски: Не НАТО, не Св. Апостол Павле да го бара, нема одлагање!

Најчитани вести

Пратеникот Илија Димовски денеска не се појави на рочиштето за случајот „Талир“, а судијата Осман Шабани јавно го опомена дека ова му е последен пат да не дојде на рочиште.

-Јавна опомена за Илија Димовски. Ваква неодговорност нема да толерирам, никогаш во живот веќе да не се осмелил, Илија Димовски, нека заборави за одлагање. Не НАТО, не ЕУ, не Св. Апостол Павле да го бара, во иднина нема, ова е неодговорно, рече судијата Шабани.

Тој неколку пати повтори дека не очекувал вакво некоректно однесување од Димовски, кој го известил за случајот Титаник дека е зафатен, за да се даде друг термин, но не го спомнал случајот Талир.

-Таква некоректност не очекував. Никогаш да не се осмелил повеќе, рече судијата кој наредното рочиште го закажа за 13 ноември.

Во овој случај ообвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com