Прво во судница да дојде, а потоа пратеничките обврски да ги извршува порача судијата ОСман Шабани во предметот Талир за обвинетиот пратеник Илија Димовски заради кого одново се одложи судскиот процес. Повторувајќи неколку пати во лутина рече дека и св. Апостол Павле да го чека, судењето е поважно. Димовски го изветил судот дека утре нема да дојде на „Титнаик“, но за денештото рочите за „Талир“ не донел оправдување.
„Јавна опомена за Илија Димовски. Ваква неодговорност нема да толерирам. Никогаш во животот веќе да не се осмелил. Илија Димовски нека заборави за одлагање. Не НАТО, не ЕУ, не Св. Апостол Павле да го бара, во иднина нема одложување, ова е неодговорно“, реагираше судијата Шабани.
Шабани како судија и Димовски како обвинет неколку пати имаа несогласувања околу отсуствата на Димовски зради служебни обврски во сообранието. Иако секогаш му беше дозовлно на Димовски да отсуствува, Шабани за прв реагира. Ваквата реакција доаѓа откако претседателот на судот Иван Џолев застана во одбарана на судиите дека не по нивна виан се одложуават рочишатата на СЈО причиан заради која дел од нив одново се вратија на почеток. На денешното рочиште требаше да почне образложувањето на предложените листи со докази од застапникот на обвинението Ленче Ристевска. „Талир“ отпочна на 18 ти февруари, без бовиентиот Никола Груевски кој е во бегство, но со присутните Кирил Божиновски и Миле Јанакеивски за злоупотреба на служебната положба, и Димовски, Леко Ристовски и Елизабата Чингаровска коај призна вина за перење 4,6 милиони евра за партијата ВМРО- ДПМНЕ.