-3.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

СУДИЈАТА ТУФЕГЏИЌ ЗАМИНУВА ВО АДВОКАТИ: Ќе продолжам да се борам за елиминирање на политиката од судството

Најчитани вести

Владимир Туфегџиќ, судија во одделението за организиран криминал на Основниот кривичен суд во Скопје, најави дека ја напушта судиската функција и дека ќе биде адвокат. Тој денеска на Фејсбук напиша:

Денеска, после долго размислување, до Судскиот совет на РСМ поднесов барање за престанок на вршење на судиската функција по сопствено барање, заклучно со 01.12.2021 година.

Судиската функција ја доживувам како престижна статусна функција која претставува предизвик, да се реализира судија од кариера преку постојано едуцирање и напредок во кариерата.

Доколку не се оствари напредувањето во кариерата, како основна цел, мотив и двигател во секоја работа, особено на судиската функција, поради нарушен систем на вредности, тогаш започнува да се губи смисла и мотивот да се продолжи понатаму во истиот амбиент.

После престанокот на мандатот, мојата кариера ќе ја продолжам понатаму како дел од угледна адвокатска канцеларија и ќе продолжам да се залагам за воспоставување на вистинските вредности и вреднување, особено за целосно елиминирање на политиката и политичките влијанија во правосудството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com