22.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Судијата Мајк Дин добивал смртни закани поради црвените картони на Беднарек и Соучек

Најчитани вести

Поради црвените картони на Јан Беднарек од Саутемптон и Томас Соучек од Вест Хем, Мајк Дин добивал смртни закани поради кои било побарано од него да го прескокне следното коло во Премиерлигата.

Мајк Дин за кратко време додели два контроверзни црвени картони, најпрво беше исклучен Јан Беднарек од Саутемптон а потоа и Томас Соучек од Вест Хем. Во двата случаи картоните подоцна беа поништени.

Во изминатите денови Мајк Дин добивал смртни закани од навивачи на Саутемптон и Вест Хем.

И фамилијата на Мајк Дин била мета на навреди на социјалните медиуми. Сите закани и навреди се пријавени во полиција.

Одлучено е и покрај сето ова тој да го суди натпреварот во среда од ФА Купот меѓу Лестер и Брајтон, но да паузира едно коло во Премиерлигата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести