-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Судири во Софија на полицијата и демонстрантите против ковид мерките

Најчитани вести

Демонстрантите кои се противат на ограничувања за спречување на ширењето на Ковид-19 во Бугарија денеска се судрија со полицијата пред зградата на парламентот во Софија. Тие успеаја да го пробијат полицискиот кордон и да стигнат до скалите на парламентот, а потоа беа истуркани назад. Бугарското министерство за внатрешни работи соопшти дека се повредени осум полицајци.

Дел од демонстрантите потоа се упатија пред зградата на Владата и на Министерството за здравство, но беа сопрени од полицијата. На протестот присуствуваа околу 1.000 приврзаници на националистичката партија Взраждане (Преродба) која на последните избори освои 13 пратенички места во парламентотот кој има 240 пратеници.

Насобраните рекоа дека ќе останат пред парламентот додека не се исполнат нивните барања за укинување на обврската за задолжително носење маска на лице и за таканаречените зелени сертификати за вакцини против Ковид-19.

Мерките против пандемијата предвидуваат Бугарите да покажат сертификат со кој се докажува вакцинација, потврда за прележаност на ковид или неодамнешен негативен тест за да влезат во места како ресторани, кафулиња, трговски центри и спортски сали. Од луѓето исто така се бара да носат маски во затворени простории и во јавниот превоз.

Инаку Бугарија има најмала стапка на вакцинација меѓу 27-те земји членки на Европската унија и само една третина од населението е целосно вакцинирано. Земјата го поминува петтиот бран на ковид предизвикан од варијантата Омикрон. Бројот на новозаразени денеска достигна рекордно ниво односно 7.062 случаи, а починааа 89 луѓе во изминатите 24 часа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com