17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Судири во Атина

Најчитани вести

Грчки полицаец е повреден во главата во вторникот вечерта во судирот во предградие на главниот град Атина, на протестот на кој учествувале околу пет илјади луѓе против „полциското насилство“, соопшти атинската полиција.

Според медиумските извештаи, судирот избувнал кога група од околу двесте лица се упатила кон полциската станица на плоштадот во Неа Смирни, инаку тивко предградие на Атина, каде во неделата полицаец со пендрек претепал момче при проверка дали се почитуваат епидемиолошките мерки,

Насилните демонстранти со камења и молотови коктели ја гаѓале полициската станица, а полицијата возвратила со солзавец и воедени топови. Запалени биле десеттина контејнери за ѓубре, поради што морало да интервенираат и пожарникарите.

Полицискиот службеник, кој бил тешко повреден во главата, е згрижен во болница, соопшти полицијата. Според неа, маскирани демонстранти напаѓале и новинари и фоторепортери кои го следеле протестот.

Речиси пет илјади луѓе, според процените на полицијата, учествувале во протесната проворка против полициската бруталност носејќи транспаренти на кои биле пораките „Полицајци, надвор од нашите квартови“ и „Парковите се места за смеа а не за лелекања од болки“. Полицијата додава дека пред почетокот на судирите ги уапсила демонстрантите кои имале молотови коктели и метални палки.

Во неделата попладнето на солцијалните мрежи се прошири снимки на коишто полицаец жестоко тепа момче кое на плоштадот Неа Смирни, пет километри од центарот на Атина, во прусуство на уште најмалку тројца колеги. Полицијата соопшти дека овој инцедент започнал кога силите на редот биле нападнати од „триесеттина луѓе кои повредиле двајца нејзини службеници“, што го негидаат многу жители на Неа Смирни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести