Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА и Хелсиншкиот комитет за човекови права, поддржани од Коалиција Маргини, ХОПС и ЗНАМ, денеска организираат панел дискусија за декриминализација на канабис.
На панел дискусијата, според оргфанизаторите, со судии и јавни обвинители ќе се дебатира за постојните проблеми и моделот за декриминализација на канабисот во Македонија.
Настанот ќе може да се следи и преку ФБ страната на здружението Билка.