14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Судењето за „Титаник“ продолжува на 14 септември

Најчитани вести

Судењето за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности, продолжува на 14 септември.

Преседателот на судечкиот совет Осман Шабани го одложи денешното рочиште поради поднесеното вештачење на обвинителството за аудио снимките, за да можат обвинетите да го добијат материјалот, а на следнито рочиште судот ќе одлучи кои докази од обвинетите ќе се прифатат во новата постапка.

Денешното рочиште беше прво по назначувањето на нов судија – поротник, откако Судскиот совет неодамна разреши двајца судии – поротници, кои беа дел од судечкиот совет на неколку предмети од поранешното СЈО, поради навршени 60 години возраст.

Случајот го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com